Хеликоптерска несреќа во близината на Гиресун

Хеликоптер од типот Скорски кој го пренесуваше воениот персонал и семејствата, по посетата, на враќање за Гуресун се сруши во 17.15

524519
Хеликоптерска несреќа во близината на Гиресун

Во Гиресун падна еден хеликоптер

Во хеликоптерската несреќа во Гиресун загинаа 7, а 8 лица беа повредени

Висока воена делегација заедно со сопругите и децата со хеликоптер од Алуџра во Гиресун полетаа за караулата Козагач кај Ѓумушхане со цел да ги посетат војниците кои во тешки услови ја вршат воената должност во караулите на жандармеријата.

Хеликоптер од типот Скорски кој го пренесуваше воениот персонал и семејствата, по посетата, на враќање за Гуресун се сруши во 17.15 во близината на селото Тохумлук кај месноста Алуџра кај Гуиресун.

Сеуште не е утврдена причината за хеликоптерската несреќа во која загинаа 7 лица. Повредените беа префрлени на лекување во околните болници.

Потпретседателот на владата Нуретин Џаникли кој по повод Рамазан бајрам се наоѓаше во Гиресун, рече дека една од основните причини за рушењето на хеликоптерот се неповолните временски услови и дека не станува збор за евентуална надворешна интервенција или пак сличен напад.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со детални информации за несреќата се стекна од началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.



Слични вести