Ердоган ќе учествува на Самитот на НАТО

Лидерите на земјите членки на НАТО Алијансата на самитот се очекува да ги разгледаат одлуките кои беа усвоени на Самитот во Велс и нивното спроведување

524833
Ердоган ќе учествува на Самитот на НАТО

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе учествува на Самитот на НАТО што ќе се одржи во Полска.

Според писменото соопштение објавено од страна на кабинетот на претседателот, Ердоган на 8 и 9 јули ќе учествува на Самитот на НАТО што ќе се одржи во Варшава.

Лидерите на земјите членки на НАТО Алијансата на самитот се очекува да ги разгледаат одлуките кои беа усвоени на Самитот во Велс  и нивното спроведување во врска со адаптацијата на НАТО на променливите безбедносни услови, како и одобрување на дополнителните мерки и санкции за одвраќање на евентуалните непријателски намери и колективната одбрана.

Сојузничките лидери меѓудругото на една посебна седница со лидерите на земјите кои не се членки на НАТО Алијансата, а кои даваат придонес во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и претставниците на инволвираните меѓународни организации, ќе ги разгледаат активностите на мисијата и ќе дадат дополнителни гаранции за финансиска поддршка на авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили за периодот од 2018 до 2020.

На состанокот на претседатели и шефови на држави на комисијата НАТО – Украина ќе се разгледа ситуацијата во Украина вклучувајќи го и спроведувањето на договорите од Минск.

Во рамките на самитот претседателот Ердоган кој ќе биде придружуван од страна на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и министерот за национално образование Фикри Ишик, се очекува да оствари билатерални средби со странските колеги.



Слични вести