Премиерот Јилдирим го соопшти пакетот со нови економски стимулации и бенефиции

Премиерот Бинали Јилдирим го соопшти пакетот со нови економски олеснувања кој содржи радосни вести за различни средини во општеството

523921
Премиерот Јилдирим го соопшти пакетот со нови економски стимулации и бенефиции

Премиерот Бинали Јилдирим го соопшти пакетот со нови економски стимулации и бенефиции за различни средини во општеството.

Јилдирим им даде радосна вест на возачите на автобуси, минибуси и такси кои вршат услуга во градскиот превоз дека од нив нема да се зема посебен данок на потрошувачка и рече „Од оној кој ќе го обнови своето возило нема да се зема посебен данок на потрошувачка.“

Бинали Јилдирим додаде дека нема да се зема посебен данок на потрошувачка и од блиските на загинатите во борбата против тероризмот кога ќе купуваат возило.

Истакнувајќи дека со стимулативниот пакет се олеснуваат процедурите за отворање или регистрирање и затворање на фирма, Јилдирим напомена дека исто така и земјоделските субвенции ќе се доделуваат редовно два пати годишно. 

Премиерот Бинали Јилдирим на приредениот состанок во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара рече: „Со Русија се враќаме на нашите некогашни денови. Започна порцесот на нормализирање. Со постигнатиот договор со Израел повторно го започнавме процесот на нормализација. На првиот плод од овој процес бевме сведоци вчера во Газа. Бродот натоварен со 11 илјади тони хуманитарна помош за Газа отплови од Мерсин и помошта преку пристаништето Ашдод ќе им се достави на нашите над 1,5 милиони палестински браќа кои живеат под многу тешки услови во Газа. На тој начин Турција го исполни даденото ветување. Како втор чекор во однос на ова беа направени подготовките во врска со енергијата и инфраструктурата. Во наредните денови веднаш по бајрам ќе бидат остварени потребните контакти и ќе се стават во примена потребните чекори.“ 

Осврнувајќи се и на туризмот премиерот Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „Во туристичките области процентот на исполнетост на нашите хотелски капацитети се искачи до над 90-осто. Меѓутоа продолжуваме да ги преземаме нашите мерки одсега за доведување на ова во трајна состојба во 2017 година.“

Јилдирим истакна дека сериозниот процес на нормализација од земјоделскиот сектор до надворешната трговија и од надворешните инвестирања до транспортниот сектор само по себе доведе и до раздвиженост.
 



Слични вести