Ердоган по повод Рамазан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на неколку земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод Рамазан Бајрам водеше телефонски разговори со лидерите на Азербејџан, Саудиска Арабија, Катар, Ирак и Босна и Херцеговина.

524153
Ердоган по повод Рамазан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на неколку земји

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по повод Рамазан Бајрам оствари телефонски разговори со лидеирте на неколку земји и тоа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, Саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, катарскиот емир шеик Тамам Бин Хамад Ал Тани и неговиот татко емирот Хамад Бин Калифа Ал Тани, ирачкиот претседател Фуад Масум и претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ. 

Ердоган им го честита Рамазан Бајрам на лидерите и посака да послужи за добри работи, а воедно го изрази своето сочувство до ирачкиот претседател Фуад Масум поради терористичките напади во Багдад и до саудискиот крал Абдулах поради терористичките напади во Катиф и во близина на џамијата Месџид-и Небеви (Џамијата на Пророкот) во светиот град Медина.

Од друга страна генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го побара по телефон претседателот Ердоган и притоа остро го осуди терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул и го изрази своето сочувство до турскиот народ поради смртта на недолжните цивили во нападот. 

Премиерот на пакистанската провинција Пенџап Шхбаз Шериф исто така го побара по телефон претседателот Ердоган до кого го изрази своето жалење поради терористичкиот напад во Истанбул и им посака милост од Аллах на загинатите во нападот,  а на повредните им посака побрзо оздравување.

Бајрамска порака од претседателот Ердоган на 12 јазици

Во меѓувреме претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку својата официјална сметка на Твитер по повод Рамазан Бајрам објави порака со честитка напишана на 12 јазици.

Ердоган својата порака на турски јазик „Им го честитам Рамазан Бајрам на нашиот народ и на исламскиот свет и посакувам бајрам да му донесе мир, спокојство и радост на целото човештво“, ја напиша и објави на уште 11 јазици и тоа; Француски, шпански, германски, индонезиски,естонски, словенски, руски, англиски, персиски, арапски и курдски јазик.



Слични вести