„Дијалогот на Турција со Русија во борбата против тероризмот е добар знак“

Заменик генералниот секретар на ОН и директор на Комитетот за борба против тероризмот Жан Пол Лаборд истакна дека дијалогот на Турција со Русија во борбата против тероризмот е добар зна

524377
„Дијалогот на Турција со Русија во борбата против тероризмот е добар знак“

Заменик генералниот секретар на ОН и директор на Комитетот за борба против тероризмот Жан Пол Лаборд на состанокот за претставниците на прчеатот во канцеларијата на ОН во Женева го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Лаборд рече: „Дијалогот на Турција со Русија во борбата против тероризмот е добар знак.“

Привлекувајќи внимание кон тоа дека тероризмот е излезен од улога на локален и регионален феномен и дека му се заканува на целиот свет, Лаборд нагласи дека борбата против тероризмот изискува меѓународна соработка.

Лаборд истакна дека во Сирија и Ирак има 30 илјади странски борци, дека Турција се наоѓа во опасен регион и дека затоа е подложена на терористички напади.

„Дијалогот на Турција со Русија во борбата против тероризмот е добар знак.“ - рече заменик генералниот секрета на ОН и директор на Комитетот за борба против тероризмот Жан Пол Лаборд.

Велејќи дека меѓународната заедница нема одреден план во борбата против глобалниот тероризам, Лаборд упати повик до земјите за споделување на информации во борбата против тероризмот. 

Лаборд предупреди дека може да дојде до пораст на терористичките напади и дека терористите би можеле да ги постават на мета Олимписките игри 2016 што ќе се одржат во Риоа де Жанеиро во Бразил.



Слични вести