Во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул уапсени 13 осомничени
13 осомничени лица чие сослушување во полицијата заврши поминаа од лекарска контрола по што беа испратени на суд и беа уапсени

Во рамките на истрагата која што се води во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул се уапсени 13 лица од кои тројца странски државјани.
13 осомничени лица чие сослушување во полицијата заврши откако поминаа од лекарска контрола беа испратени на суд.
Сите 13 осомничени беа уапсени од страна на судот.
Во меѓувреме во реализирана операција во врска со терористичкиот напад беа притворени уште две лица, а во полицијата продолжува сослушувањето на 14 лица од кои повеќето со странско државјанство.
Во реализираниот терористички напад од страна на тројца бомбаши-самоубијци минатата недела на 28 јуни во вторникот, вечер животот го загубија 45 лица, а повеќе од 230 лица беа повредени.
Поголемиот дел од повредените се отпуштени од болница, додека продолжува лекувањето на уште 49 лица од кои 17 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Слични вести

Ердоган утре ќе го објави Акциониот план за човекови права
Крајната цел на планот е „да се направи нов и граѓански устав“