„Нормализирањето со Израел и Русија, голем придонес кон регионалниот мир и стабилноста“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во својата колумна за весникот „Дејли Сабах“ на англиски истакна дека процесот на нормализирање на односите со Израел и Русија ќе има голем придонес кон регионалниот мир и стабилноста

523826
„Нормализирањето со Израел и Русија, голем придонес кон регионалниот мир и стабилноста“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во својата колумна за весникот „Дејли Сабах“ на англиски јазик направи проценка на процесот на нормализирање на односите со Израел и Русија.

Калин нагласи дека процесот на нормализирање кој е во тек и со двете земји ќе има голем придонес кон регионалниот мир и стабилноста.

Ибрахим Калин стави акцент на значењето на патот што води кон нормализирање на обостраните дипломатски напори кои што продолжуваат во позадината помеѓу двете земји .

Привлече внимание дека подобрувањето на односите со Русија освен тоа што ќе се одрази позитивно на економијата и туризмот значајно е и за политичкото решение во Сирија. 

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин напомена дека терористичката организација ДЕАШ е вознемирена од овие случувања и привлече внимание на тајмингот на терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.



Слични вести