Чавушоглу направи проценка на значајни актуелни прашања во надворешната политика

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе се состанат на крајот на јули или во почетокот на август

523344
Чавушоглу направи проценка на значајни актуелни прашања во надворешната политика

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку екраните на ТРТ Хабер даде одговор на прашања во надворешната политика кои будат голема заинтересираност.

Чавушоглу истакна дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе се состанат на крајот на јули или во почетокот на август.

Мевлут Чавушоглу воедно рече дека помеѓу Турција и Русија повторно ќе биде ставен во примена и еден значаен механизам.

На дневен ред на Чавушоглу беа и односите со Израел при што осврнувајќи се на договорот за природен гас рече: „Секогаш би рекле да за една ваква соработка и од аспект на разноликувањето на нашите извори и од аспект на обезбедување приходи како транзитна земја.“ 

По прашањето на процесот за визна либерализација со ЕУ пак министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Одржавме мошне значаен состанок по прашањето на визната либерализација и изгледа во наредниот период ќе се договориме во однос на одредена патна карта.“



Слични вести