Бродот „Лејди Лејла“ со хуманитарна помош за Газа пристигна во израелското пристаниште Ашдод

Хуманитарниот брод „Лејди Лејла“ во петокот отплови од пристаништето во Мерсин и по приближно 30 часовно патување пристигна во израелското пристаниште Ашдод каде што беше пречекан со церемонија

523317
Бродот „Лејди Лејла“ со хуманитарна помош за Газа пристигна во израелското пристаниште Ашдод

Товарниот брод „Лејди Лејла“ кој по потпишувањето на договорот помеѓу Турција и Израел за нормализирање на односите отплови со хуманитарна помош намената за Газа пристигна во израелското пристаниште Ашдод.

Хуманитарниот брод „Лејди Лејла“ во петокот отплови од пристаништето во Мерсин и по приближно 30 часовно патување пристигна во израелското пристаниште Ашдод каде што беше пречекан со церемонија.

Бродот превезува 11 илјади тони хуманитарна помош во храна и 10 илјади детски играчки.

Хуманитарната помош која се наоѓа на бродот ќе им биде раздадена на жителите на Газа од страна на Црвената полумесечина.



Слични вести