„Тероризмот еден ден може да ги погоди и оние кои го поддржуваат“

Премиерот Бинали Јилдирим ги предупреди земјите кои го поддржуваат тероризмот и истакна дека еден ден може да ги погоди и нив

522529
„Тероризмот еден ден може да ги погоди и оние кои го поддржуваат“

Премиерот Јилдирим во градот Хатај учествуваше на церемонијата по повод свеченото ставње во употреба на неколку новоизградени објекти и на подготвената ифтарска програма. 

Во говорот што го одржа во оваа пригода премиерот Јилдирим потсети на терористичкиот напад во Истанбул и упати повик до светската јавност за водење на тотална борба против тероризмот.

Бинали Јилдирим ги предупреди земјите кои го поддржуваат тероризмот и истакна дека еден ден може да ги погоди и нив.

Велејќи дека терористите се претвораат во машина за убивање, Бинали Јилдирим рече: „Му се обраќаме на целиот свет. Овие машини кои сеат смрт на кои им намигнувате и ги тапкате по грб ќе дојде ден кога ќе ве уништат и вас. Ако целиот свет се испречи цврсто пред тероризмот тогаш ќе постои стабилност и во светот и во Турција. 

Премиерот Бинали Јилдирим нагласи дека терористите се раководени од страна на ментори и рече: „Ние го направиме и продолжува да го прави она што ни претстои за стопирање на крвопролевањето.“



Слични вести