Мевлут Чавушоглу: „Првиот плод од нормализирањето на турско-руските односи е добиен во туризмот“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека првиот плод од односите помеѓу Турција и Русија кои што почнаа да се подобруваат е добиен во туризмот и рече дека Русија ги укина ограничувањата за туристички патувања за Турција

522634
Мевлут Чавушоглу: „Првиот плод од нормализирањето на турско-руските односи е добиен во туризмот“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на ифтарот приреден во населеното место Аланја кај Анталија истакна дека првиот плод од односите помеѓу Турција и Русија кои што почнаа да се подобруваат е добиен во туризмот и рече дека Русија ги укина ограничувањата за туристички патувања за Турција.

Нагласувајќи дека отсега ќе бидат зачестени уште повеќе средбите со Русија и дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе остварат директна средба, Чавушоглу напомена дека исто така ќе бидат остварени средби и помеѓу министрите на двете земји и интензивно ќе бидат фрлени чекорите по прашањето на соработката во низа сфери. 

Мевлут Чавушоглу истакна дека веднаш по остварениот телефонски разговор помеѓу двајцата претседатели Ердоган и Путин рускиот претседател Владимир Путин им издаде директива на функционерите на својата земја и првиот плод од овој дијалог е добиен во сферата на туризмот.

Нагласувајќи дека исто така и рускиот премиер Дмитриј Медведев покрај тоа што беа укинати ограничувањата во сферата на туризмот ги повика руските граѓани кои сакаат да одат во Турција и да ги искористат убавите можности за одмор во Турција сигурно да го сторат тоа во текот на оваа година, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека овие изјави биле дочекани со задоволство.



Слични вести