Бродот „Лејди Лејла“ натоварен со хуманитарна помош за Газа вчера отплови од пристаништето во Мерсин

Бродот „Лејди Лејла“ кој превезува 11 илјади тони хуманитарна помош наменета за народот во Газа вчера од пристаништето во Мерсин отплови кон израелското пристаниште Ашдод

522660
Бродот „Лејди Лејла“ натоварен со хуманитарна помош за Газа вчера отплови од пристаништето во Мерсин

Бродот „Лејди Лејла“ кој превезува 11 илјади тони хуманитарна помош која во склопот на постигнатиот договор помеѓу Турција и Израел ќе биде испратена за Газа вчера отплови од пристаништето во Мерсин.

Министерот за развој Лутфу Елван на приредената церемонија на испраќање на бродот од пристаништето истакна дека со испраќање на бродот со помош за палестинскиот народ во Газа дента кога се слави ноќта Кадир (вчера) се станува сведок на еден убав пример на солидарност и потпомагање.

Нагласувајќи дека хуманитарната помош од 11 илјади тони составена од помош во храна, облека и други потреби за живот најпрвин ќе пристигне во израелското пристаниште Ашдод, а оттука ќе биде испратена во Газа, министерот Лутфу Елван рече: „Оваа хуманитарна помош која е преземена од страна на функционери на турската Црвена полумесечина Кизилај под координација на нашето министерство за надворешни работи ќе пристигне во Газа. Им благодарам на Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД, на турската Црвена полумесечина Кизилај и на нашето министерство за надворешни работи кои ја координираа оваа помош и ги направија потребните подготовки за отпловување на бродот.“

Потсетувајќи на тоа како е дојдено до овој процес на испраќање помош за Газа, Лутфу Елван рече: „На одржаните разговори и по долги преговори беа прифатени сите услови на Турција која под водство на претседателот Ердоган презентираше цврсто исправен став со целокупното нејзино 79 милионско население. Турција ги бранеше правото и правдата. Благодарение на тоа повторно беа отворени каналите за испраќање на хуманитарна помош.“ 

Бродот „Лејди Лејла“ кој превезува 11 илјади тони хуманитарна помош составена од пакети со брашно, ориз, шеќер и храна, како и бајрамски пакети подготвени за децата во Газа составени од 100 илјади парчиња облека, 20 илјади обувки и 10 илјади 104 играчки, вчера од пристаништето во Мерсин отплови кон израелското пристаниште Ашдод.

Бродот се очекува за приближно 30 часа да пристигне во Ашдод, а оттука хуманитарната помош ќе биде испратена во Газа.



Слични вести