Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Истанбул

Во декларацијата прифатена со поддршка на сите земји членки во Советот за безбедност на ОН најостро се осудува реализираниот „гнасен и кукавички“ терористички напад во Истанбул и се изразува сочувство до блиските на жртвите

521835
Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Истанбул

Советот за безбедност на ОН го осуди реализираниот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Во декларацијата прифатена со поддршка на сите земји членки во Советот за безбедност на ОН најостро се осудува реализираниот „гнасен и кукавички“ терористички напад во Истанбул и се изразува сочувство до блиските на жртвите.

Во декларацијата се вели дека тероризмот со сите негови видови претставува една од најголемите закани за меѓународниот мир и безбедноста, а исто така се упатува повик до сите земји да се оди на соработка со Турција за изнесување пред правдата на организаторите и финансиерите на овој грозоморен напад.

Се нагласува дека тероризмот не може да има никакво легитимно оправдување и дека не може да се оправда под никакви услови, а воедно се бара од сите земји со сите свои можности да водат борба против тероризмот во рамките на повелбата на ОН и меѓународното право.



Слични вести