„Патот за елиминирање на тероризмот поминува од водење заедничка борба“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека патот за елиминирање на тероризмот поминува од водење на заедничка борба против ова зло

521132
„Патот за елиминирање на тероризмот поминува од водење заедничка борба“

Министерот за надрешни работи Мевлут Чавушоглу им се заблагодари на земјите кои го изразија своето сочувство до Турција по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул во кој животот го загубија 41 лице, а 128 лица беа повредени.

По терористичкиот напад голем број земји објавија пораки со сочувство во кои истакнаа дека стојат покрај Турција против тероризмот.

Министерот Чавушоглу во својата порака преку социјалната мрежа им се заблагодари на сите овие земји и истакна дека тероризмот е насочен против целото човештво без да прави никаква разлика меѓу луѓето.

Мевлут Чавушоглу подвлече дека патот за елиминирање на тероризмот поминува од водење на заедничка борба против ова зло. 

Нагласувајќи го и тоа дека Турција располага со потребната сила за справување со тероризмот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  напомена дека никој не ќе може да го наметне своето влијание над Турција со тероризмот.



Слични вести