Ново поглавје во претпристапните преговори на Турција со ЕУ

Поглавјето 33 кое ќе биде отворено денеска ќе биде 16-то отворено поглавје од претпристапните преговори на Турција со ЕУ

521459
Ново поглавје во претпристапните преговори на Турција со ЕУ

Денеска ќе биде отворено поглавјето 33 од претпристапните преговори на Турција со ЕУ.

Поглавјето „Финансиски и буџетски одредби“ ги опфаќа правилата во врска со неопходните финансиски извори за фондовите кои што заедно со членството ќе и се обезбедат на буџетот на ЕУ.

Заедно со отворањето на ова поглавје ќе биде отворено и второто поглавје во последните 6 месеци во рамките на преговорите на Турција за членство во ЕУ.

Последно поглавје кое беше отворено во претпристапните преговори на Турција со ЕУ беше поглавјето 17 посветено на економските и монетарните политики кое беше отворено во декември минатата година.

Поглавјето 33 кое ќе биде отворено ќе биде 16-то отворено поглавје во преговорите на Турција за членство во ЕУ.

За поглавјето 33 ќе се дискутира на меѓувладината конференција во Брисел на која Турција ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за Еу и главен преговарач Омер Челик и министерот за финансии Наџи Агбал.

Оваа конференција е значајна и по тоа што на истата повторно ќе биде поставено на разгледување прашањето за визната либерализација меѓу Турција и ЕУ.



Слични вести