„Информациите и наодите укажуваат на терористичката организација ДЕАШ“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека освен тоа што сеуште не е сигурно информациите до кои е дојдено и наодите во врска со терористичкиот напад укажуваат на терористичката организација ДЕАШ

521173
„Информациите и наодите укажуваат на терористичката организација ДЕАШ“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала синоќа во Анкара се состана на ифтар со семејствата на загинатите и ветераните-газии во борбата против тероризмот.

По ифтарот министерот Ефкан Ала одговараше на прашањата на новинарите во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул и истакна дека продолжува д се води обемна и внимателна истрага. 

Ала рече: „Располагаме со некои докази и имиња и откако ќе се разјасни поврзаноста меѓу нив ќе биде разјаснета и состојбата.“

Велејќи дека по нападот го побарале лично по телефон и испратиле пораки министрите за внатрешни работи на некои земји кои го изразиле своето сочувство и понудиле соработка, Ефкан Ала истакна дека Турција е отворена за размена на информации и знаења.

Ала рече дека е познато оти нападот е поврзан со глобалниот тероризам и додаде дека истрагата која што продолжува ќе го изнесе и резултатот.

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека освен тоа што сеуште не е сигурно информациите до кои е дојдено и наодите во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул укажуваат на терористичката организација ДЕАШ.

Напоменувајќи дека под светлината на информациите со кои што се располага е установено оти реализаторите на нападот се странски граѓани, министерот Ала рече: „Со испитувањата во секој момент можат да се добијат нови резултати. Ние истрагата ја водиме во овие рамки и би можел да кажам дека е постигнат значаен напредок.“



Слични вести