Уништени 15 цели на терористичката ДЕАШ во северниот дел на Сирија

Во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) со хаубици Фиртина и на коалиционите сили со авиони од воздух беа уништени 15 цели на терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Сирија

520606
Уништени 15 цели на терористичката ДЕАШ во северниот дел на Сирија

Во огнот отворен од страна на Турските вооружени сили (ТВС) со хаубици Фиртина и во реализираната воздушна операција од страна на коалиционите сили вчера беа уништени 15 цели на терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Сирија за кои претходно беше установено дека се подготвуваат за напад на териториите на Турција.  

Според објавеното соопштение од страна на Генералштабот вчера било установено дека 15 цели на терористичката ДЕАШ во северниот дел на Сирија од наоружани позиции со тешко оружје, ракети Катјуша и хаубици се подготвувале за напад на териториите на Турција.

Притоа утврдените терористички цели беа уништени со отворен оган од страна на хаубици од типот Фиртина и со реализирана воздушна операција со авиони на меѓународните коалициони сили. 

Во меѓувреме вчера беше реализирана воздушна операција и врз цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак.

Турски воени авиони уништија 3 цели меѓу кои се наоѓаа засолништа и скривници на терористите. 

Воените авиони кои успешно ја реализираа својата задача безбедно се вратија во своите бази.

Од друга страна Генералштабот соопшти дека во реализираната воздушна операција на 27 јуни на подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак биле неутрализирани 38 терористи на ПКК, а 7 терористи биле повредени.



Слични вести