Реакции од светот по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул

Во пораките испратени од политичките средини, голем број уметници и од деловниот свет ширум светот се осудува терористичкиот напад и се изразува поддршка на Турција

520326
Реакции од светот по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул

По веста за кукавичкиот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул почнаа да пристигнуваат реакции од политички средини, како и од голем број уметници и од деловниот свет ширум светот.

Во пораките испратени од светот се осудува терористичкиот напад и се доставува поддршка на Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди терористичкиот напад чија цел беше аеродромот Ататурк во Истанбул и рече: „Сакам да го известам целиот турски народ дека сме заедно со него и дека ќе се поддржуваме меѓусебно во борбата против тероризмот.“

Францускиот претседател Франсоа Оланд рече: „Остро го осудувам овој грозоморен напад. Чувствуваме жалење поради овие едно по друго реализирани напади во Турција.“

Францускиот премиер Мануел Валс подвлече дека неговата земја стои покрај Турција против тероризмот.

Итралијанскиот премиер Матео Рензи во пораката што ја сподели преку социјалната мрежа напиша: „Ја споделуваме болката на турски народ пред трагичната вест која пристина од Истанбул.“

Реакција против терористичкиот напад пристигна и од данскиот министер за надворешни работи Кристиан Јенсен кој рече: „Беа убиени недолжни луѓе. Остро го осудуваме овој страотен напад и ја споделуваме вашата болка.“ 

Саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз ал-Сауд испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев по терористичкиот напад испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и упати повик за заедничка борба против тероризмот. 

Нападот беше осуден и од страна на азербејџанското министерство за надворешни работи.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф на својата сметка преку социјалната мрежа напиша: „Тероризмот уште еднаш го покажа своето грозно лице. Насилството е екстремност која му се заканува на светот. Сите заедно треба да водиме борба против него.“

Изјави со осуда на терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул пристигнаа и од САД.

Белата куќа го осуди нападот и истакна дека претседателот Барак Обама е информиран во врска со случувањата 

Претседателот на американскиот претставнички дом Пол Рајан рече: „Тероризмот никако нема да победи.Стоиме покрај нашиот сојузник Турција пред овој кукавички напад.“

Пораки со поддршка на Турција и изразување сочувство освен од кандидатите за претседател на САД пристигнаа и од голем број членови на американскиот Конгрес.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и Организацијата Муслимански браќа (Ихван) во Египет исто така го осудија терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Во меѓувреме главниот извршен директор на американскиот компјутерски гигант „Епл“ Тим Кук во пораката што ја објави на турски јазик преку социјалната мрежа во врска со нападот напиша: „Нашите молитви се за турскиот народ.“

Познатиот шпански пејач Енрике Иглесиас исто така во пораката преку својата сметка на социјалната мрежа напиша: „Моето срце е со тебе Истанбул“.

Терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул најде широко место и во странските средства за информирање.

Најновите вести на весниците и новинските агенции беа во врска со експлозијата во Истанбул, а на информативните телевизиски канали беа емитувани специјални емисии во врска со Турција.

Американскиот интернет-информативен сервис „Хафингтон Пост“ во чест на загинатите во терористичкиот напад даде порака за солидарност со објавување на својата страница лого со црвено цвеќе и турско знаме.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така го изрази своето сочувство до турскиот народ поради загинатите во терористичкиот напад.

Путин на средба со руските и германските студенти во врска со терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул рече: „Жалиме поради жртвите во вчерашниот реализиран терористички напад  и ја споделуваме болката на турскиот народ.“



Слични вести