Првата пратка со хуманитарна помош од Турција за Газа ќе биде испратена на 1 јули

Материјалите за помош за Газа беа подготвени заедно од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД, Канцеларијата за земјоделски производи и турската Црвена полумесечина Кизилај.

520407
Првата пратка со хуманитарна помош од Турција за Газа ќе биде испратена на 1 јули

По постигнатиот компромис помеѓу Турција и Израел на 1 јули од пристаништето во Мерсин ќе биде испратена и првата пратка со хуманитарна помош од Турција за Газа. 

Помошта од 10 илјади тони ќе биде испратена со бродот по име „Лејла Ханим“.

Материјалите за помош беа подготвени заедно од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД, Канцеларијата за земјоделски производи и турската Црвена полумесечина Кизилај.

На бродот со хуманитарна помош ќе бидат натоварени 10 илјади пакети со храна, 5 илјади тони брашно, 2 илјади тони ориз и 3 илјади тони шеќер.

Освен тоа ќе бидат испратени и 100 илјади парчиња детска облека и приближно 10 илјади играчки со кои ќе бидат израдувани децата во Газа за Рамазан Бајрам кој што наближува.

Хуманитарната помош најпрвин ќе пристигне во израелското пристаниште Ашдод, а оттука ќе биде испратена во Газа.

Претседателот на турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник во врска со хуманитарната помош наменета за Газа рече: „Нашите екипи се наоѓаат во пристаништето Ашдод. Помошта се состои од приближни 450 ТИР камиони и овие материјали ќе бидат испратени за Газа по магистрален пат. Во Газа живеат приближно 1,8 милиони луѓе од кои 80-отсто се бегалци и овде луѓето живет под тешки услови. Помошта во соработка со тамошната палестинска Црвена полумесечина ќе им биде раздадена на загрозените семејства.“

Хуманитарната помош за Газа почна да се собира по повикот што Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата АФАД го испрати до граѓанските организации и во тие рамки Здружението Дениз Фенери подготви 1 ТИР камион помош во храна намената за Газа.



Слични вести