Исмаил Кахраман: Цел на терористичкиот напад е да и се наштети на угледот на државата

Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман истакна дека цел на терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул е да и се наштети на угледот на државата

520884
Исмаил Кахраман: Цел на терористичкиот напад е да и се наштети на угледот на државата

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман објави порака по повод терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул и притоа нагласи дека овој терористички напад онолку колку што е насочен против Турција е насочен и против целото човештво. 

Кахраман во својата порака напиша: „Надворешните и внатрешните мрачни сили и нивните продолжетоци треба да бидат свесни дека секогаш ќе бидат порази пред силата на нашата држава и нашиот народ, здравиот разум и еланот и одлучноста во борбата против тероризмот.“

Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман истакна дека цел на терористичкиот напад е да и се наштети на угледот на државата и го изрази своето сочувство за загинатите, а на повредените им посака побрзо оздравување.



Слични вести