Ердоган и Путин остварија телефонски разговор за нормализирање на односите

Во врска со содржината на разговорот беше објавено соопштение од кабинетот на претседателот Ердоган и беше истакнато дека во телефонскиот разговор станало збор за прашањето за нормализирање на односите

520836
Ердоган и Путин остварија телефонски разговор за нормализирање на односите

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Во врска со содржината на разговорот беше објавено соопштение од кабинетот на претседателот Ердоган и беше истакнато дека во телефонскиот разговор станало збор за прашањето за нормализирање на односите.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери се договориле за директна средба и постигнале согласност за подобрување на билатералните односи. 

Во разговорот била нагласена одлучноста по прашањата на повторното заживување на билатералните односи и заедничката борба против тероризмот. 

По остварениот телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин изјави дека дојде времето да се сврти нова страница во односите со Турција.

Путин го изрази и своето сочувство до Турција поради терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Исто така и во објавеното соопштение од Кремљ се истакнува дека во телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери било подвлечено дека постои потреба од поблиска соработка против тероризмот.

Во соопштението се вели дека рускиот претседател Владимир Путин издал наредба за укинување на ограничувањата за Турција во туризмот и дека ја задолжил владата по прашањето на нормализирање на односите со Турција вклучувајќи ги и трговските односи.



Слични вести