Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Истанбул се зголеми на 41 лице

„Бројот на жртвите во синоќешниот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул се зголеми на 41 лице“ - соопшти губернијата на Истанбул

520817
Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Истанбул се зголеми на 41 лице

Губернијата на Истанбул соопшти дека бројот на жртвите во синоќешниот куаквички терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул се зголеми на 41 лице.

Според објавеното писмено соопштение од  губернијата 13 од загинатите во терористичкиот напад се странски државјани.

Во меѓувреме продолжува лекувањето на 130 лица кои по нападот беа префрлени на лекувањето во блиските околни болници.

Се стои на можноста дека нападот е реализиран од страна на терористичката организација ДЕАШ.

Аеродромот Ататурк кој по терористичкиот напад беше затворен за летови потоа во 02:22 часот според турско време повторно беше отворен за летови и почна да функционира нормално.

Туристите кои по терористичкиот напад дојдоа во Истанбул истакнаа дека за да не би ја постигнал својата цел тероризмот ќе продолжат да доаѓаат и да патуваат во Турција.

Од друга страна е прогласена еднодневна жалост во Турција и знамињата во целата земја денеска се спуштени на половина копје.



Слични вести