Терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул: 36 загинати, 147 ранети

Во терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул реализиран од страна на тројца бомбаши-самоубијци животот го загубија 36 лица, а 147 лица се повредени

520244
Терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул: 36 загинати, 147 ранети

Во делот од терминалот за меѓународни летови на аеродромот Ататурк во Истанбул синоќа околу 22:00 часот според турско време е реализиран терористички бомбашки напад.

Нападот беше извршен од страна на тројца бомбаши-самоубијци кои најпрвин пукале науколу со автоматско оружје, а потоа го активирале експлозивот на себе и се разнесле.

По експлозијата на местото на настанот беа испратени голем број полициски, пожарникарни и медицински екипи.

По укажаната прва помош од страна на медицинските екипи ранетите беа префрлени во најблиските болници, а аеродромот Ататурк беше затворен за летови.

Веднаш по веста за терористичкиот напад премиерот Бинали Јилдирим ги побара по телефон министерот за внатрешни работи Ефкан Ала и валијата на Истанбул Васип Шахин од чија страна беше информиран во врска со случајот.

По експлозијата првата официјална изјава пристигна од министерот за правда Бекир Боздаг кој рече: „Според доставени информации до мене  еден терорист најпрвин пукал наоколу со калашников на влезот на делот за меѓународни летови на аеродромот Ататурк а потоа го активирал експлозивот на себе и се разнел. Според првични претпоставки се вели дека имаме приближно 10 загинати лица и 20 повредени.“

Во врска со терористичкиот напад е формиран кризен штаб во склопот на Владата.

Потоа изјава пристигна од страна на валијата на Истанбул Васип Шахин кој истакна дека се проценува дека терористичкиот напад бил реализиран од страна на тројца бомбаши-самоубијци на три одделни места на аеродромот Ататурк.

Валијата Васип Шахин рече дека во експлозиите животот го загубија 28 лица, а приближно 60 лица се ранети.

По веста за терористичкиот напад претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган одржа состанок со премиерот Бинали Јилдирим и началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, како и неколкумина надлежни министри.

Потоа премиерот Бинали Јилдирим заедно и со неколку министри веднаш од Анкара замина за Истанбул.

Во дадената изјава на аеродромот Ататурк во Истанбул премиерот Бинали Јилдирим истакна дека бројот на загинатите во терористичкиот напад се зголеми на 36 лица, а 147 лица се повредени од кои некои потешко. 

Јилдирим привлече внимание дека подлиот напад насочен против невините луѓе е реализиран во период кога успешно продолжува борбата против тероризмот и кога е започнат процес на нормализирање на односите со неколку земји.

Бинали Јилдирим се осврна и на глобалната димензија на тероризмот и укажа на тоа дека исто така и борбата против тероризмот треба да се води во глобални димензии.

Нагласувајќи дека Турција располага со сила да се справи со овие подли планови, премиерот Бинали Јилдирим упати повик до сите граѓани да се сплотат и обединат.

Јилдирим рече дека воздушниот сообраќај на аеродромот Ататурк е нормализиран.



Слични вести