Текстот на договорот за нормализирање на турско-израелските односи ќе биде потпишан денеска

Потпис на договорот од страна на Турција ќе стави потсекретарот на министертсвото за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, а од страна на Израел директорот на израелското министерство за надворешни работи Доре Голд

519456
Текстот на договорот за нормализирање на турско-израелските односи ќе биде потпишан денеска

Текстот на постигнатиот договор за нормализирање на турско-израелските односи ќе биде потпишан денеска во 11:00 часот според турско време.

Потпис на договорот од страна на Турција ќе стави потсекретарот на министертсвото за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, а од страна на Израел директорот на израелското министерство за надворешни работи Доре Голд.

Текстот на договорот ќе биде потпишан одделно во министерствата на двете земји во Анкара и Тел Авив и чинот на потпишување ќе биде затворен за печатот.

Премиерот Бинали Јилдирим вчера изјави дека по потпишувањето на текстот на договорот од страна на потсекретарот на министертсвото за надворешни работи Феридун Синирлиоглу и неговиот иззраелски соговорник ќе започне и процесот на одобрување и откако ќе се добие одобрени од израелскиот кабинет и од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ќе бидат назначени обострано амбасадори од страна на двете земји.



Слични вести