„Секогаш ќе продолжиме да застануваме во одбрана на човештвото“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција секогаш ќе продолжи да застанува во одбрана на човештвото на основа на правдата и правичноста

519671
„Секогаш ќе продолжиме да застануваме во одбрана на човештвото“

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на синоќешната 9-та традиционална ифтарска програма за амбасадорите во седиштето на АК Партијата во врска со постигнатиот компромис помеѓу Турција и Израел посака новиот период во односите да биде ајирлија и за двете земји.

Јилдирим уште еднаш потсети на оние кои го загубија животот во нападот врз бродот Мави Мармара кој на 31 мај 2010 година носеше хуманитарна помош за Газа и рече: „По тој повод уште еднаш сакам јасно да ја нагласам позицијата на Турција. Постојано ќе продолжиме да застануваме во одбрана на човештвото на основа на правдата и правичноста. Ние го сакаме добротo на сите. Онака како што застанувавме во одбрана на правото на живот и на луѓето кои не можат да дојдат до пристап на лекови во Газа и на луѓето во Мијанмар кои се наоѓаат во канџите на сиромаштијата и на невините луѓе кои насилно се прогонуваат од Алепо, ќе продлжиме да застануваме во одбрана и денеска и утре.“

Осврнувајќи се и на прашањето со Сирија премиерот Бинали Јилдирим подвлече дека веќе мора без да се губи време и без да дојде до поголеми убиства да се стави во примена одредено политичко решение на основа на декларацијата од Женева од 30 јуни 2012 година и додаде дека јасно стои оти ова не ќе може да се постигне со режимот во Сирија.

Јилдирим истакна дека Турција згрижува поголем број Сиријци од целокупното население на голем број земји во светот и го дели својот леб со бегалците.

„Обврската за водење борба против човечката криза во Сирија не може да им се остави само на соседните земји туку меѓународната заедница сигурно треба да ја сподели одговорноста и товарот.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим.  



Слични вести