„Првиот официјален контакт помеѓу Ердоган и Путин ќе се оствари во текот на оваа недела“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека двајцата претседатели Ердоган и Путин ќе разговараат во врска со чекорите кои што ќе бидат фрлени и дека првиот официјален контакт помеѓу двете земји ќе се оствари во текот на оваа недела

519479
„Првиот официјален контакт помеѓу Ердоган и Путин ќе се оствари во текот на оваа недела“

Премиерот Бинали Јилдирим синоќа беше гостин во специјалната програма во живо на ТРТ Хабер каде што направи проценка на новата патна карта во односите помеѓу Турција и Русија, а се осврна и на односите помеѓу Турција и Египет.

Јилдирим истакна дека со писмото кое што претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го испрати до рускиот претседател Владимир Путин по повод 12 јуни Денот на Русија фактички започна и процесот на нормализирање во турско-руските односи.

Велејќи „Ќе го продолжиме нашиот пат како да не се случило она што се случи помеѓу нас и Русија“, Бинали Јилдирим истакна дека двајцата претседатели Ердоган и Путин ќе разговараат во врска со чекорите кои што ќе бидат фрлени и дека првиот официјален контакт помеѓу двете земји ќе се оствари во текот на оваа недела. 

Јилдирим рече: „Можеби во среда или во четврток ќе се оствари телефонски разговор помеѓу господинот Путин и господинот претседател.“

Бинали Јилдирим напомена дека во новиот период интензивно повторно ќе бидат започнати односите во сферата на економијата и взаемните туристички активности помеѓу Турција и Русија.

Правејќи проценка и на индината на односите помеѓу Турција и Египет, премиерот Бинали Јилдирим рече: „И покрај тоа што се применуваат неправедни обвинувања и се изрекуваат неправедни казни против претседателот Мухамед Мурси кој беше соборен со воен удар и против неговата екипа, не постои одредена препрека во развојот на економските односи помеѓу двете земји. Нашите бизнисмени можат да реализираат обострани посети.“

Јилдирим истакна дека односите со Египет би можеле да започнат на министерско ниво и на тој начин да биде подготвена основата за нормализирање на односите во наредниот период.



Слични вести