„Писмото на Ердоган до Путин би можело да претставува основа за поправање на односите“

Претседателката на Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент Валентина Матвијенко истакна дека писмото кое што претседателот Ердоган го испрати до претседателот Путин би можело да претставува основа за поправање на односите

519867
„Писмото на Ердоган до Путин би можело да претставува основа за поправање на односите“

Од страна на Русија пристигна првата официјална изјава во врска со писмото кое што претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган го испрати до рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателката на Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент Валентина Матвијенко истакна дека писмото би можело да претставува основа за поправање на односите на релација Анкара-Москва.

Матвијенко рече: „Во нашите односи беа доживеани извесни негативности. Изгубен е оној поранешен концепт на доверба. Ова писмо би можело да претставува основа за поправање на односите помеѓу Русија и Турција.“

Претседателката на Советот на федерацијата Валентина Матвијенко истакна дека во писмото претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изразил своето сочувство до семејството на пилотот на соборениот руски авион и рекол дека е спремен да покаже обид за подобрување на односите помеѓу двете земји.

Во објавеното соопштение и од Кремљ се истакнува дека претседателот Путин утре ќе го побара по телефон претседателот Ердоган.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот Ердоган пак се вели дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го побара претседателот Ердоган по телефон за да му се заблагодари за испратеното писмо.



Слични вести