Оваа недела ќе биде отворено поглавјето 33 во преговорите на Турција со ЕУ

На 30 јуни во четврток ќе се одржи меѓувладина конференција меѓу Турција и фунционери на ЕУ на која ќе биде отворено поглавјето 33 во преговорите за членство на Турција во унијата

520041
Оваа недела ќе биде отворено поглавјето 33 во преговорите на Турција со ЕУ

Поглавјето 33 под наслов „Финансиски и буџетски одредби“ во преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе биде отворено оваа недела (30 јуни во четврток).

На меѓувладината конференција што ќе се одржи на 30 јуни во четврток во белгискиот главен град Брисел, а по повод отворањето на второто поглавје во преговорите со ЕУ во последните 6 месеци, ќе учествуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик и министерот за финансии Наџи Агбал.

Поглавјето Финансиски и буџетски одредби ги содржи правилата во врска со неопходните финансиски извори за фондовите кои што заедно со членството ќе и се обезбедат на буџетот на ЕУ.

Претставникот на Турција за ЕУ амбасадорот Селим Јенел истакна дека поглавјето 33 кое ќе биде отворено всушност се наоѓа меѓу поглавјата кои што се отвораат пред самото членство на земјата и напомена дека отворањето на ова поглавје е значајно од аспект на динамичноста во преговорите за членство.

Нагласувајќи дека со поглавјето 33 досега вкупно ќе бидат отворени 16 поглавја, амбасадорот Јенел рече: „Сеуште стојат 5 поглавја кои себлокирани од страна на кипарските Грци. Доколку се постигне извесен напредок во Кипарското прашање и доколку успееме да постигнеме одреден резултат овие поглавја интензивно ќе можат да бидат отворени и преговорите за членство ќе се вратат на нормален тек.“  

Јенел истакна дека вон тоа постојат 5 критични критериуми во рамките на визната либерализација и подвлече дека во тие рамки министерот за ЕУ Омер Челик и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по меѓувладината конференција ќе остварат средба со првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс со кого ќе разговараат за 5-те критериуми.

Претставникот на Турција за ЕУ амбасадорот Селим Јенел додадека дека ќе биде подготвена патна карта по ова прашање и рече: „Имаме цел за најскоро време да се обезбеди да функционира визната либерализација.“



Слични вести