Писмо со жалење од Ердоган до Путин поради соборениот руски воен авион

Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека Ердоган во писмото испратено до Путин го изразил своето длабоко жарење поради смртта на пилотот на рускиот воен авион кој на 24 ноември го наруши турскиот воздушен простор поради што беше соборен

519387
Писмо со жалење од Ердоган до Путин поради соборениот руски воен авион

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин даде изјава во врска со писмото со сочувство кое што претседателот Ердоган го испрати до рускиот претседател Владимир Путин.

Како што рече портпаролот Калин, претседателот Ердоган во испратеното писмо до рускиот претседател Владимир Путин напиша дека чувствува длабоко жалење во врска со уривањето на рускиот воен авион и смртта на пилотот.

Ибрахим Калин нагласи дека претседателот Ердоган упатил и повик до Путин за повторно воспоставување на традиционалните пријателски односи помеѓу Турција и Русија, соработка за решавање на регионалните кризи и водење заедничка борба против тероризмот.

„Претседателот Ердоган во писмото истакна дека уште еднаш ги споделува болките на семејството на рускиот пилот кој го загуби животот и го изразува своето сочувство.“ - истакна портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин.



Слични вести