Ердоган,борбата против тероризмот е при крај

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган синоќа 20. ден од месецот на постот Рамазан ненајавен се појави на ифтар во командата на оклопна единица на 172 полк стациониран во Џизре кај Ширнак

518452
Ердоган,борбата против тероризмот е при крај

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган синоќа 20. ден од месецот на постот Рамазан ненајавен се појави на ифтар во командата на оклопна единица на 172 полк стациониран во Џизре кај Ширнак.

Секој очекуваше претседателот Ердоган да учествува на ифтарот во Кајсери но по измената на програмата на Претседателот Ердоган тој се појави во командата на 172 полк стационирана во Џизре.

Ердоган го отвори ифтарот со офицерите и војниците на полкот. Посетата на претседателот на државата на полкот предизвика вистинско задоволство кај офицерите и војниците кои срдечно го пречекаа неочекуваниот висок  гостина на ифтар.

Претседателот Ердоган во разговорот со војниците рече: Вие верувате во нешто а тоа е шахадетот.Тоа за терористите на ПКК воопшто не е важно. Затоа тие тивко и срамно ќе исчезнат, но вие кои се борите за татковината, за верата и за Аллах, вие и вашите загинати другари по оружје ,вие сте моите јунаци, мои чеда.

Претседателот Ердоган во Џизре го придружуваа началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, командантите на авијацијата и јандармеријата, министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик и министерот за Човекова околина и урбанизам Мехмет Озхасеки.

Претседателот Ердоган ги охрабри војниците во командата во Џизре велејќи им дека борбата против тероризмот е при крај,дека  победата е на повидок, а за т.н знаме на ПКК рече дека е само еден партал.

Секако дека секој човек треба да се гордее со својата нација,тоа е негово природно право ,но никој нема право на надмоќ над другиот, ниту Турчинот над Курдот,ниту Курдот над Турчинот, надмоќта  е само на Аллах ,истакна на крајот претседателот Ердоган во Џизре.



Слични вести