Земјотрес во Мраморното Море во близина на Јалова
Според првичните претпоставки во земјотресот нема загинати или повредени и не е причинета материјална штета
518085

Во Мраморното Море се случи земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните претпоставки во земјотресот нема загинати или повредени и не е причинета материјална штета.
Според добиени информации од Опсерваторијата Кандилли на универзитетот Богазичи во Истанбул и Институтот за истражување на земјотресите потресот се случил во 08:40 часот според турско време во Мраморното Море во близина на градот Јалова и на длабочина од 6,8 километри под морето.
Земјотресот беше почувствуван во поширокиот регион, а особено и на анадолскиот (азискиот) брег на Истанбул.
Слични вести
