Покана од Русија до Турција за состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка

Русија ја покани Турција на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) што ќе се одржи на 1 јули во Сочи

517063
Покана од Русија до Турција за состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка

Русија соопшти дека ја поканува Турција на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) што ќе се одржи на 1 јули во Сочи.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Закарова рече: „Би можела да кажам дека поканата е испратена до турското министерство за надворешни работи. Претседателствувањето со оваа организација е задача на Русија.“

Заменик рускиот министер за надворешни работи Василиј Небензја истакна дека очекуваат министрите на Турција и Украина да учествуваат на состанокот на  Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) и рече дека се спремни на една ваква средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Заменик рускиот министер за надворешни работи Василиј Небензја продолжи со следните зборови: „Мислам дека ако таму се наоѓа турскиот министер би можел да се состане со нашиот министер. Може да се оствари една таква средба. Впрочем не бегаме или не се криеме од никого. Ние сме отворени за сите разговори.“



Слични вести