Свечено отворена џамијата на анкарскиот аеродром Есенбоа

Новата џамија на меѓународниот аеродром Есенбоа во Анкара го доби името на османлискиот султан Јилдирим Бајазит.

516816

На свеченото пуштање во употреба на џамијата присуствуваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Во свечениот говор претседателот Ердоган рече:

Имаше голема потреба од отворање на една џамија на меѓународниот аеродром Есенбоа во Анкара. Патниците муслимани на заминување или на доаѓање па дури и патниците кои транзитираа низ овој аеродром често пати бараа одговор на прашањето каде ќе клањаме ,особено во петоците кога се клања џума намаз.Сега го имаме одговорот на тоа прашање и со задоволство можеме да кажеме дека е најдено решение за барањата за изградба на џамија на аеродромот Есенбоа, што ми претставува особено задоволство.

Новата Џамија Јилдирим Бајазит е изградена во османлиски и селџучки стил и располага со површина од 5085 квадратни метри.

Слични вести