МНР на Турција: Нападите на режимот и Русија врз цивилите во Сирија се неприфатливи

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека на мета на режимските сили и Русија се наоѓаат цивилите во Сирија

516292
МНР на Турција: Нападите на режимот и Русија врз цивилите во Сирија се неприфатливи

Турција истакна дека не може да се прифати насилството кое се применува од страна на силите на режимот во Сирија и Русија против цивилното население.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека на мета на режимските сили и Русија се наоѓаат цивилите во Сирија.

Во соопштението се истакнува дека руиските воени авиони во нападите употребуваат фосфорни бимби и проектили во облик на сноп, а воедно се вели дека со секој поминат ден станува пообемно досието во врска со злосторствата кои што ги вршат во овој контекст.

Турското министерство за надворешни работи привлече внимание дека нападите се реализираат веднаш пред или после доставувањето на хуманитарна помош во регионот.

Во соопштението се нагласува и тоа дека нападите против цивилите не им признаваат шанса на разговорите за изнаоѓање на политичко решение.



Слични вести