Бинали Јилдирим,благодарност до жителите на Агри

Премиерот Бинали Јилдирим учествуваше на свеченост по повод пуштање во употреба на 18 деловни објекти во градот Агри на крајниот исток на Турција

515920
Бинали Јилдирим,благодарност до жителите на Агри

Премиерот Бинали Јилдирим учествуваше на свеченост по повод пуштање во употреба на 18 деловни објекти во градот Агри на крајниот исток на Турција.

Во говорот на свеченоста премиерот Јилдирим меѓу другото рече дека терористичката организација ПКК која сака да ја расцепи турција не е од домашен карактер туку дека се раководи од надворешни центри на моќта.Тие го прават она што им го наредуваат нивните ефендии. Но народот е покрај државата. Овие терористи на ПКК знаат само да убиваат, да предизвикуваат поделби и да сеат омраза меѓу народот, но фала му на Аллах Агри не падна во нивната стапица и ги одби сите нивни намери.

Заблагодарувајќи им се на жителите на Агри заради нивниот став против тероризмот на ПКК премиерот Бинали Јилдирим рече : вие му свртивте образ на тероризмот, не дозволивте тие да изградат ровови во вашиот град и да сеат омраза меѓу народот.Тие рекоа ќе предизвикаме поделби но вие рековте не,ние сме за Турција,Затоа ви изразувам голема благодарност.



Слични вести