Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот индиски колега Свараж
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу водеше телефонски разговор со својот индиски колега министер Сушма Свараж

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со индискиот министер за надворешни работи Сушма Свараж.
Во разговорот остварен на барање на Свараж беа разменети мислења во врска со обраќањето на Индија за членство во Групата за нуклеарни снабдувачи (NSG).
Во телефонскиот разговор стана збор и за билатералните односи помеѓу двете земји, датумите на обострани посети и за регионални случувања.
Обраќањето на Индија за членство во Групата за нуклеарни снабдувачи (NSG) како механизам за контрола на извозот на нуклеарни материјали и материјали за двојна употреба што го поднесе во мај 2016 година, се предвидува да биде разгледано на редовниот состанок на Генералното заседание кој што започна вчера во Сеул и ќе продолжи до 24 јуни.