Свечено спуштена во морето третата корвета „Бургазада“ од проектот Национален брод „МИЛГЕМ“

Третата корвета „Бургазада“  изградена во рамките на проектот Национален брод „МИЛГЕМ“ вчера беше свечено спуштена во морето со церемонија на која учествуваа и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим

513701
Свечено спуштена во морето третата корвета „Бургазада“ од проектот Национален брод „МИЛГЕМ“

Третата корвета „Бургазада“  од островската класа корвети изградена во рамките на проектот Национален брод „МИЛГЕМ“ кој беше започнат по одлуката на Извршниот совет на Одбранбената индустрија во 2004 година, а со цел производство на национален воен брод, вчера беше свечено спуштена во морето.

На церемонијата учествуваа и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода посака бродот „Бургазада“ да биде ајирлија за татковината и народот и поносно и успешно да го виори турското знаме во морињата.

Корветата „Бургазада“ како трет брод изграден во рамките на проектот Национален брод „МИЛГЕМ“ е со должина од 99,5 метри, широчина од 14,4 метри и со тежина од 2.400 тони.

На бродот кој може да се движи со бризина од над 29 морски милји на час има гасна турбина која може да достигне до моќност од 35 мегавати и дизел машини со преносен систем составен од двоен пропелер.

Бродот располага со домен на крстарење од 3.500 морски милји, односно 6.485 километри со брзина на движење без снабдување и поддршка од гориво, а воедно располага и со способност да остане во морето во текот на 10 дена.

Корветата располага со неопходна платформа за хеликоптер во тежина од 10 тони, магацин и комплетна опрема за поддршка.  

Корветата „Бургазада“ може да реализира задачи како што се надводна борба, подводна одбранбена борба, воздушна одбранбена борба, извидување и набљудување, командна контрола и асиметрична борба. 

Во меѓувреме беше одржана и церемонијата на заварување на четвртата корвета „Киналиада“ од проектот Национален брод „МИЛГЕМ“ кој инаку се состои од вкупно 8 брода.

Првото заварување беше реализирано од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Овој брод за кој се планираше да биде спуштен во морето во јануари 2018 година датумот е поместен за 8 месеци напред и според тоа се планира свечено да биде спуштен во морето во мај 2017 година.

Корветата „Киналиада“ располага со исти карактеристики и стандарди со досега изградените воени бродови од оваа класа.



Слични вести