Во операциите на борбените авиони vo Лиџе кај Дијарбакир беа уништени 16 цели

Во рамките на испитувањата беа утврдени и целите на ДЕАШ на северот на Сирија која се подготвуваше да исфрла ракети и гранати

513577
Во операциите на борбените авиони vo Лиџе кај Дијарбакир беа уништени 16 цели

Во операциите на борбените авиони на Турските воздушни сили на руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир беа уништени 16 цели.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот, по добивањето на информацијата за раздвиженоста на терористите во руралното подрачје на Лиџе, борбените авиони на Турските воздушни сили веднаш започнаа операција.

Додека продолжуваат активностите за точно утврдување на целите, борбените авиони кои ја завршија задачата, безбедно се вратија во базите.

Од друга страна пак, во рамките на испитувањата беа утврдени и целите на терористичката организација ДЕАШ на северот на Сирија која се подготвуваше да исфрла ракети и гранати.

Бомбардирањето на целите на ДЕАШ на северот на Ирак со хаубиците Фиртина беше поддржано од страна на коалиционите авиони.

Во рамките на операцијата беа погодени 32 цели на ДЕАШ, а 13 терористи ги загубија животите.



Слични вести