Операциите ќе продолжат се додека не се воспостави спокојство и просперитет

Сите заедно ако бидеме Турција, тогаш успешно ќе ја окончаме оваа работа

513304
Операциите ќе продолжат се додека не се воспостави спокојство и просперитет

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган подвлече на значењето на борбата против тероризмот и додаде дека операциите ќе продолжат се додека не се воспостави спокојство и просперитет во земјата.

Синоќа претседателот Ердоган учествуваше на ифтарската вечера на некои невладини организации што ја приредија во Конгресниот центар Халич (Златен рог) во Истанбул.

Ердоган во говорот се осврна на операциите и рече дека истите ќе продолжат се додека не се воспостави спокојство и просперитет во областа. Ние успешно ќе ја окончаме оваа борба бидејќи сме решителни во тоа.

Нагласувајќи на значењето на братството и единството на граѓаните, претседателот Ердоган рече:

Ако бидеме единствени и браќа, сите заедно ако бидеме Турција, тогаш успешно ќе ја окончаме оваа работа. Бидејќи во спротивно овие ќе почнат да ги злоупотребуваат и гимназијалците па дури и помалите деца. Зошто? Затоа што не им остана друг излез. Рековме дека ќе им влеземе во пештерите и влеговме. Освен тоа што влеговме во пештерите на терористичката организација, исто така влеговме и во пештерите на паралелната структура. Без оглед на тоа од каде и од чија страна ја добиваат поддршката, ние ќ ве влеземе во нивните пештери., рече претседателот Ердоган.

Ердоган на европските земји им се обрати со следните зборови:

Сите оние кои што ги обесија и дозволија да се обесат крпите на терористичките организации по коридорите на зградата на Европскиот парламент, кои се сликаа пред истите и ги натераа да се однесуваат така, немаат право да кажат дека водат борба против тероризмот. Ова им го велам на угледните раководители на Европскиот парламент. Кого лажете? Не можете да постигнете ништо со оние што ги храните, рече претседателот Ердоган.



Слични вести