Премиерот Јилдирим го изрази своето сочувство до Бајден поради нападот во Орландо
Премиерот Бинали Јилдирим го изрази своето сочувство до американскиот потпретседател Џо Бајден поради терористичкиот напад во Орландо
Премиерот Бинали Јилдирим го побара по телефон американскиот потпретседател Џо Бајден и го осуди терористичкиот напад во градот Орландо во сојузната држава Флорида.
Јилдирим во телефонскиот разговор ги изрази своето сочувство и солидарноста со американската администрација и американскиот народ и истакна дека Турција која води борба против тероризмот и даде голем број свои граѓани жртви на тероризмот ја разбира и споделува болката на американскиот народ.
Укажувајќи на тоа дека тероризмот нема своја релиција, нација и секташка припадност, премиерот Бинали Јилдирим нагласи дека во правец на тоа Турција е одлучна за водење на ефикасна борба со сите терористички организации вклучувајќи ги и ДЕАШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ.
Американскиот потпретседател Џо Бајден му се заблагодари на премиерот Јилдирим за сочувството, истакна дека Турција е во положба на земја која може најдобро да ја разбере болката на Американците и рече дека се приклучува кон неговата констатација дека тероризмот не треба да се истоветува со било која религија или нација.
Бинали Јилдирим и Џо Бајден во телефонскиот разговор привлекоа внимание дека меѓународната соработка и солидарност имаат големо значење по прашањето на борбата против тероризмот и ја изразија желбата за детално рзгледување во наредниот период на сите прашања од заедничкиот дневен ред вклучувајќи ја и борбата против тероризмот.
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш