„Турција досега со голема одговорност го исполни она што и претстоеше“

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека за дискутирање за барањата на ЕУ во врска со визната либерализација треба да се отворат за преговори насловите поврзани со ова прашање

510980
„Турција досега со голема одговорност го исполни она што и претстоеше“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик кој престојува во официјална посета на Словачка која на 1 јули ќе го преземе привременото претседателствување со ЕУ истакна дека перцепцијата околу тоа оти Турција и се заканува на Европа по прашањето на бегалците е искривоколчување.

Министерот Челик напомена дека не се согледува одредена пречка и по прашањето на визната либерализација за патување на турските граѓани во земјите на ЕУ од Шенген зоната.

Велејќи дека постои вид блокада во врска со договорот за мигрантите која што треба да се надмине, министерот Омер Челик укажа на тоа дека перцепцијата околу тоа оти Турција и се заканува на Европа е невистинита.

Челик рече: „Турција досега со голема одговорност го исполни она што и претстоеше по прашањето на функционирањето на овој механизам. Спротивно на тоа оние кои почнуваат со реченицата велејќи дека Турција се заканува всушност мислам дека наместо да ги одржат дадените ветувања на Турција и да фрлат чекори во пресрет на Турција се обидуваат да ги затскријат своите вистински намери.“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик истакна дека за дискутирање за барањата на ЕУ во врска со визната либерализација треба да се отворат за преговори насловите поврзани со ова прашање.

„Доколку се во прашање слободата, основните права и слични сфери за време на претседателствувањето на Словачка треба да бидат отворени за преговори наслови како што се 23-тото и 24-тото, односно насловот за фундаментални права и правосудството и слободите, безбедноста и правдата. на тој начин над овие наслови би можеле взаемно да развиеме крајно продуктивни дискусии.“



Слични вести