Турските вооружени сили и коалициони воени авиони ги гаѓаа позициите на терористичката ДЕАШ

Во реализираните истрели со хаубици од типот Фиртина и во воздушната операција на воените авиони на меѓународните коалициони сили се убиени 10 терористи и се уништени 17 цели на терористичката ДЕАШ и тоа позиции со повеќецевни ракетни системи и хаубици

511049
Турските вооружени сили и коалициони воени авиони ги гаѓаа позициите на терористичката ДЕАШ

Турските артилериски единици и коалициони воени авиони ги гаѓаа позициите на терористичката ДЕАШ во северниот дел на Сирија, а турски воени авиони реализираа операција врз цели на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Во операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Ирак според првични претпоставки се неутрализирани 10 терористи.

Во реализираните истрели со хаубици од типот Фиртина и во воздушната операција на воените авиони на меѓународните коалициони сили беа уништени 17 цели на терористичката ДЕАШ и тоа позиции со повеќецевни ракетни фрлачи и хаубици.

Во меѓувреме Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција и врз цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Во операцијата на турските воени авиони во областа Авашин-Басјан беа уништени 2 засолништа на терористичката ПКК.

Установено е дека во операцијата биле неутрализирани и терористи кои се наоѓале во уништените засолништа.

Турските воени авиони кои успешно ја реализираа својата задача безбедно се вратија во своите бази.



Слични вести