Претседателот Ердоган во ненадејна посета на градот Мардин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар заедно и со командантите учествуваа на ифтар со војниците во касарната Сајин на Командата на 70-тата механизирана бригада во градот Мардин

510982
Претседателот Ердоган во ненадејна посета на градот Мардин
erdoğan mardinde 1.jpg

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во изненадна посета на градот Мардин.

Претседателот Ердоган заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во вечерните часови замина за градот Мардин.

Од аеродромот во Мардин претседателот Ердоган по магистрален пат премина во касарната Сајин на Командата на 70-тата механизирана бригада која се наоѓа помеѓу населеното место Кизилтепе и градот Мардин.

Овде претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар заедно и со командантите учествуваа на ифтар со војниците во касарната.



Слични вести