„По реализираните операции е дојдено до точка на прекршување“

Претседателот Ердоган истакна дека по реализираните операции против терористичката организација ПКК кои што продолжуваат од 20 јули наваму е дојдено до точка на прекршување

511171
„По реализираните операции е дојдено до точка на прекршување“
erdoğan, mardin'de.jpg

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера приквечер отпатува во ненадејна посета на градот Мардин каде што учествуваше на ифтар со војниците од Командата на 70-тата механизирана пешадиска бригада.

Претседателот Ердоган истакна дека операциите кои што се водат против терористичката организација ПКК во 11 населени места и во еден град се завршени, но додаде дека борбата против тероризмот ќе продолжи.

Привлекувајќи внимание дека од 20 јули минатата година досега се реализирани мошне сериозни операции против терористичката организација ПКК која реализира кукавички терористички напади, Ердоган рече дека по овие реализирани операции е дојдено до точка на прекршување.

Ердоган истакна дека интензивно ќе бидат реализирани работите за повторна изградба и поправање на срушените објекти и куќи за враќање назад во своите домови на народот кој избега од масакрите на терористичката организација ПКК која ги руши и ограбува верските објекти и домовите на невините луѓе, ги напаѓа дури и амбулантните возила и ги грабнува децата. 

Осврнувајќи се и на тоа дека е значајно да се придобијат срцата на народот кој е подложен на зулумот на терористичката ПКК, Ердоган рече: „Меѓу луѓето кои живеат во југоисточно анадолската област има наши браќа кои прават се што е неопходно и жртвуваат се за татковината.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и овде стави акцент на изразите еден народ, едно знаме, една татковина и една држава.



Слични вести