Мевлут Чавушоглу по Мајанмар престојува во посета на Шри Ланка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по посетата на Мајанмар престојува во посета на Шри Ланка

511383
Мевлут Чавушоглу по Мајанмар престојува во посета на Шри Ланка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по посетата на Мајанмар престојува во посета на Шри Ланка која е во својство на прва посета од Турција на оваа островска држава на ниво на министер за надворешни работи.

Чавушоглу во Шри Ланка ќе оствари низа средби и разговори и ќе го потпише меморандумот за разбирање за соработка помеѓу двете земји во сферите на дипломатијата, образованието, размената на знаења и документацијата.

Во разговорите ќе стане збор и за инвестирањата на Турција во Шри Ланка на чело со оние кои што се реализираат од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред посетата на Шри Ланка оствари телефонски разговор со пакистанскиот министер за надворешни работи Сартаж Азиз.

Во разговорот стана збор за билатералните односи и актуелни регионални случувања. 

Следна станица на Мевлут Чавушоглу ќе биде Авганистан.



Слични вести