Ердоган го изрази своето сочувство до Обама по повод нападот во Орландо

Претседателот Ердоган го побара по телефон американскиот претседател Барак Обама до кого го изрази своето сочувство по повод извршениот масакр во градот Орландо

511750
Ердоган го изрази своето сочувство до Обама по повод нападот во Орландо

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство до американскиот претседател Барак Обама по повод извршениот масакр во градот Орландо.

Ердоган го побара по телефон Обама и истакна дека нападот уште еднаш покажа оти меѓународната заедница треба да води заедничка борба против тероризмот.

Претседателот Ердоган нагласи дека тероризмот како најголемо кривично дело против човештвото никако не може да се истоветува со исламот кој е религија на мирот.

Американскиот претседател Барак Обама му се заблагодари на Ердоган за покажаната чувствителност.

Двајцата лидери, Обама и Ердоган, во телефонскиот разговор се осврнаа и на значењето од продолжување на соработката и консултациите во секоја сфера на Блискиот исток на чело со Сирија.



Слични вести