Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција Хансјорг Хабер поднесе оставка

Како што се наведува барањето за оставка пристигнало лично од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини

510577
Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција Хансјорг Хабер поднесе оставка

Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција Хансјорг Хабер поднесе оставка.

Хансјорг Хабер на специјалниот брифинг што го приреди минатата недела за група новинари даде изјави во врска со процесот на визната либерализација за турските граѓани во Шенген зоната и овие негови изјави беа дочекани со големи реакции.

Хабер поради овие негови изјави беше повикан во министерството за надворешни работи по што откако се соочи и со притисокот на Брисел беше приморен да поднесе оставка на должноста.

Како што се наведува барањето за оставка пристигнало лично од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.



Слични вести