Пораки од Ердоган и Јилдирим до Путин и Медведев по повод Денот на Русија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим по повод Денот на Русија испратија пораки со честитки до рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев

510746
Пораки од Ердоган и Јилдирим до Путин и Медведев по повод Денот на Русија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган испрати писмо до рускиот претседателот Владимир Путин по повод 12 јуни Денот на Русија, кој се слави како ден на државниот суверенитет на Русија.

Ердоган во своето писмо изрази надеж дека односите со Русија ќе го достигнат нивото кое го заслужуваат.

Ердоган напиша: „Во име на целиот турски народ им го честитам Денот на Русија на сите руски граѓани и посакувам во блиско време односите помеѓу Русија и Турција да бидат издигнати на нивото кое со заслужуваат.“

По повод Денот на Русија порака со честитка испрати и премиерот Бинали Јилдирим до својот руски колега Дмитриј Медведев.

Според добиени информации од владиниот кабинет, премиерот Бинали Јилдирим во својата порака напиша: „ Се надевам дека нашите односи ќе го достигнат потребното ниво од аспект на нашите взаемни интереси.“



Слични вести