„Не е донесена одредена одлука за барањето на Германија во врска со воената база Инџирлик“

Потпретседателот на Владата Нуреттин Џаникли истакна дека не е донесена одредена одлука за барањето на Германија во врска со воената база Инџирлик

510094
„Не е донесена одредена одлука за барањето на Германија во врска со воената база Инџирлик“

По седницата на Владата пред камерите се појави потпретседателот на Владата Нуреттин Џаникли кој на едно поставено новинарско прашање посветено на барањето на Германија во врска со воената база Инџирлик истакна дека не е донесена одредена одлука по ова прашање.

Џаникли рече: „Не станува збор за одредено барање на Германија во врска со воената база Инџирлик. Исто така не станува и за било каква донесена одлука во врска со тоа.“

Во однос на тоа пак какви чекори ќе фрли Турција во иднина во врска со усвојувањето на резолуцијата во германскиот Парламент, Бундестагот со која ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година се оценети како „геноцид“, потпретседателот на Владата Нуреттин Џаникли рече: „Сите наши надлежни институции по ова прашање ги преземаат неопходните активности. Ова е чувствително прашање.“

Велејќи дека сиве овие работи не би требало да се реализираат пред очите на јавноста, Нуреттин Џаникли нагласи дека исто така Турција не треба да остане индиферентна на една ваква одлука.

Потпретседателот на Владата Нуреттин Џаникли рече: „Се водат активности во однос на тоа што би можело да се направи во овие рамки и особено кои чекори би можеле да се преземат за тоа дали може да се укине оваа резолуција и да се работи на тоа.“



Слични вести