Светските лидери со остварување на идеалите на Али ќе можат да најдат трајно решение на проблемите

Мухамед Али беше извонреден спортист и човек кој го привлече вниманието на јавноста.

507957
Светските лидери со остварување на идеалите на Али ќе можат да најдат трајно решение на проблемите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека светските лидери со остварување на идеалите на Мухамед Али ќе можат да најдат трајно решение на низа проблеми.

Написот за американската издавачка куќа Блумберг, претседателот Ердоган го објави под наслов: „Оживувањето на наследството на Мухамед Али“.

Ердоган во написот истакна дека Мухамед Али беше извонреден спортист и човек кој го привлече вниманието на јавноста. Јас го почитував не само како спортист и неговата внатрешност, туку и поради неговиот политички став, рече Ердоган.

Човештвото се соочува со многу поголеми тешкотии и според претпоставките, во период кога нема доволна храброст за соочување со итните проблеми, светските лидери можат да се инспирираат од Мухамед Али. Неговите пораки за мир, слобода и солидарност, посочуваат на некои основни политики на Турција.

Денес Турција е земја домаќин на најголем број бегалци во светот и трета земја која пружа најмногу хуманитарна помош, рече претседателот Ердоган и посочи дека Турција од 2011 година наваму води политика на отворена врата за сириските бегалци. Досега во Турција пристигнаа над 3милиони бегалци од војната и за нивните потреби се потрошени околу 10 милијарди долари.

Турција продолжува да пружа бесплатни услуги во полето на образованието, здравствените услуги и стекнувањето со професија. Придонесот на меѓународната помош е само еден мал дел од буџетот на Турција што го издвои за сириските бегалци.

Најсилни општества во светот се оние во кои сите се сметаат за еднакви граѓани, рече Ердоган и потенцираше дека Мухамед Али, како припадник на муслиманското малцинство во Америка, беше изложен на неправда, дискриминација и лошо однесување.

Ердоган потенцираш дека не треба да се заборави сето она што го доживеа Али и дека исламските општества, треба да ги преземат сите потребни чекори христијаните и Евреите кои живеат во овие општества да се чувствуваат како дел од тоа општество.

Од 2002 година наваму, Турција придава големо значење на реконструкциите и реставрациите на црквите и синагогите кои се во лоша состојба во земјава, а на кои смета како на дел од своето наследство, рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека за нивната обнова беа потрошени милиони долари. По сеопфатната реставрација во 2007 година на ерменската црква, односно Катедралата на Светиот крст на островот Акдамар, истата беше пуштена во употреба. Лани со реставрацијата на најголемата еврејска синагога во Европа, Големата синагога во Едирне, беше пуштена во употреба.

И натаму продолжува актуелноста на прашањата кои пред многу години ги изнесе Мухамед Али, рече претседателот Ердоган и подвлече дека оддавањето достојна почит на шампионот на народот поминува низ оживување на неговите идеали како што е слобода, еднаквост и солидарност.



Слични вести